Гумени алку кои му донеле милиони

Тинејџерите ширум светот, но и нивните родители носат растегливи алки исплетени од разнобојни ластичиња за коса. Идејата за најновиот тренд дошла од ќерките на Ченг.

Пред четири години Ченг ги видел девојчињата од 13 и 16 години како си играат со ластичињата за коса и од нив плетат алки.

Овој ефтин а убав накит толку му се допаднал што одлучил целата своја заптеда од 7300 евра која ја наменил за образование на својата постара ќерка да ја потроши на производство на пластични разбои за плетење. Ризичниот потег се исплател, со оглед на тоа дека компнаијата „Рејнбоу лумс“ лани заработила повеќе од 56 милиони долари.

„Признавам дека тоа не е баш најпаметна одлука, но се се завршило добро. ДОбрата работа е во тоа пто сега дефинитивно ќе можам да ги испратам децата на колеџ“, вели тој.

За неполни три години, „Рејноу лумс“ произведите се најдоа на пазарите на 29 земји. Минатата година се продадени осум милиони разбои и 28 милиони пакувања на ластичиња, но и покрај стекнатото погатство, емејството на Ченг живее скромно. Не планираат да се преселат во поголема куќа, нити да го заменат својот 12 години стар автомобил.

„Ние не сме отмени луѓе. Можеби ќе купат чамеци ќе одат на риболов кога ќе одам во пензија, но засега ми е убаво и вака“, вели Малезиоцот кој живее во Америка.

Фустанот составен од 20.000 неверојатни разнобојни ластичиња неодамна е продаден апреку „И-беј за неверојатни 291.000 долари.