Гундоган доби ултиматум од челниците на Борусија Д.

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ханс Јоаким-Ватцке, не можеше да даде некаква гаранција дека стандардниот првотимец, Илкаи Гундоган, и во пролетниот дел од сезоната ќе го носи “црно-жолтиот” дрес.

“Моментално, разговараме, преговараме со фамилијата на Гундоган. Тие ми се советници, тие функционираат како негов агент. Нормално дека сакаме да го задржиме во нашите редови, но до сега не успеавме во намерата да најдеме заеднички јазик околу новиот договор. На крајот од денот, Илкаи го има последниот збор, самиот треба да одлучи дали ќе остане во Дортмунд или ќе прифати некоја друга понуда. Илкаи добро знае дека ние сакаме одговор што е можно побрзо”, изјави главниот оперативец на Борусија од Дортмунд

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.