Гундоган ќе пресечи во корист на Реал (М)

Ако им се верува на шпанските медиуми, тогаш репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган, на стартот од зимскиот преоден рок ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М).

Одличниот играч за врска ја одби и последната понуда на Борусија за продолжување на соработката за уште неколку сезони и поради таа причина, популарните “милионери” се во потрага по клуб кој ќе понуди најмалку 25 мил. евра за 23-годишниот играч за врска. Освен “кралскиот клуб”, подготвеност за да биде исплатено побараното обештетување демонстрирале и раководните лица на Барселона и Арсенал, но Гундоган е заинтересиран само за преселба на “Сантијаго Бернабеу”.