Ѓуриќ: Србите од Косово немаат потреба од косовски пасош

Ѓуриќ: Србите од Косово немаат потреба од косовски пасош
Ѓуриќ: Србите од Косово немаат потреба од косовски пасош

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија Марко Ѓуриќ смета дека Србите што живеат во Косово немаат потреба од косовски пасоши за да им се овозможи визна либерализација.

– Никој не може да ги принуди Србите во Косово да го прифатат пасошот на кој се неприфатливи симболи, нелегално прогласени со независноста на Косово. Ние ќе преземеме мерки за да го решиме проблемот или ќе го вметнеме во процесот на дијалог со Брисел, изјави Ѓуриќ, пренесува телвизијата Клан Косова.

Според истиот извор, со пасошите кои ги поседуваат Србите во Косово издадени од Министерството за внатрешни работи на Србија, не им се дозолува движење во Шенген зоната без визи.

Ѓуриќ уште изјави дека ЕУ одлучила да ги укине визите и за овој дел од територијата врз географското начело а не нешто друго, затоа либерализацијата треба да биде важечка за целата територија и целиот народ, независно од докумените.