Спорт

Ѓуровски и официјално се фати за работа

Ѓуровски и официјално се фати за работа

Борба до последното квалификациско коло за пласман на ЕП 2016 или за бараж, како и двоцифрен број на бодови, се првите две зацртани цели на новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски.

Освен што посакува во следниот квалификациски циклус, официјалната презентација, Ѓуровски ја искористи и да открие како ќе игра Македонија во следните две години и дека е подготвен да им даде поголема шанса на фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат.
“Не можам да ветам пласман на престојното ЕП во Франција. И јас, како и секој друг селектор и тренер имам зацртано некоја цел. Сакам да бидеме во игра за пласман или за бараж до последното квалификациско коло. Сакам што е можно побрзо да освоиме двоцифрен број на бодови, да ја поминеме границата од 10 бода. Под мое водство, Македонија ќе игра офанзивно и динамично. Сакам во секоја акција да учуствуваат сите фудбалери. Акцијата за започне од голманот. Исто така сакам во репрезентацијата да играат што е можно повеќе фудбалери од домашниот шампионат”, изјави Ѓуровски.
Наследникот на Чедомир Јаневски откри и дека во следните неколку дена ќе се обиде да оствари контакт со напаѓачот на Наполи, Горан Пандев кој пред неколку недели преку официјално соопштение потврди дека повеќе не сака да настапува во националниот дрес.
“Се уште не сум разговарал со Пандев, но ќе се обидам тоа да го направам во следните неколку дена. Македонија има потреба од Пандев, имаме потреба од таков фудбалер. Никој нема кажано лош збор за Пандев, сите репрезентативци го фалат. Ќе пробам да остварам контакт, сакам да го слушнам неговото размислување и какви се неговите планови”, додаде Ѓуровски.