Ѓуровски вети дека ќе им ја врати насмевката на навивачите

Претседателот на ФФМ ќе го претстави новиот предводник на репрезентацијата во „Куќата на фудбалот“

Денеска со почеток во 12 часот во новиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија, „Куќата на фудбалот”, Бошко Ѓуровски и официјално ќе биде преставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Ѓуровски во средата оствари средба со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, со генералниот секретар Димитар Зисовски и со директорот на националните репрезентации Петар Милошевски.
Во соопштението објавено на официјалната веб страница на ФФМ се наведува дека Ѓуровски во разговорот со претседателот на ФФМ изразил надеж дека ќе им ја вратат насмевката на навивачите.