Густа магла во Лондон, откажани сто летови

лондон

Маглата го прекри поголемиот дел од јужниот дел на Англија. Од аеродромот Лондон sе откажани  37 летови, а од Гетвик дветмина, јави Би-Би-Си.

Маглата ја намали видливоста на Хитроу, се наведува во соопштението на аеродромот и се додава дека се откажани речиси осум отсто од планираните летови.

Густата магла предизвика загриженост во врска со квалитетот на воздухот во Лондон.

На мапата на британското Министерство за заштита на животната средина е прикажана „висока загаденост“, ширум југоисточниот дел на Англија.