недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Густа супа од морков и кремпита

Густа супа од морков и кремпита

Густа супа од морков и кремпита

Поврзани вести

Подгответе здрава и неверојатно вкусна густа супа од мрков, додека за десерт пробајте слатка кремпита.

Состојки

1 лажица масло

1 главица кромид

Една мала коцка ѓумбир

3 чешниња лук

1 голем компир

500 гр моркови

1 лимон (кората + 2 лажици сок)

1 л пилешки или зеленчуков бујон

Сол и бибер по вкус

2-3 лажици кисела павлака

Пржен леб

2 лажици масло

1 лажица маслиново масло

5-6 резанки леб

2  чешниња лук

Парче ѓумбир

1 лажица сушен магдонос

Прстофат сол и бибер

Подготовка

Маслото загрејте го на тивок оган, додајте исечкан лук и динстајте додека лукот не омекне. Додајте го исчеканиот ѓумбир и лукот и динстајте минута до две додека лукот не ослободи мирис.

Додајте го излупениот и исчекан компир и моркови и изрендана кора од лимон. Сето тоа добро измешајте го и додајте го бујонот, оставете до проврие, намалете го огнот и гответе додека морковот не омекне за што би било потребно од 15 до 20 минути.

Супата измиксајте ја рачен блендер, додаје двве лажици лимонов сок, сол и бибер по желба и промешајте.

За прженото лепче растопете путер или маргарин и додајте маслиново масло, ситно исечкан лук и изрендан ѓумбир.

Лебот или тостот (најдобро стар 2-3 дена) исечете го на коцки и додајте го во смесата од растопен путер, малку измешајте и затресете ја загрејаната тава. Пржете додека не добие златна боја или не стане крцкав.

Посолете, ставете бибер и испрскајте со сушен магдонос. Ставете го на салветка или кујнска крпа да ја впие вишокот маснотија

Кремпита

Состојки

1 пакување лиснато тесто

2 л млеко

1 густин

200 гр шеќер

1 л шлаг пена

2 кесички желатин

Подготовка

Испечете го лиснатот тесто. Од млекото земете количина потребна за желатинот да се растопи. Во одреден дел од млекото разматете шеќер и густин, а остатокот оставете го да се свари.

Кога ќе се свари, густинот и шеќерот згответе го како пудингот и додајте го желатинот. Кога ќе се излади, изматете го шлагот, измешајте и филувајте го тестото.

Најчитани вести