Гутиерез е новиот јунак во Њукасл – го победи канцерот и се врати на зелениот терен

Аргентинскиот фудбалер Јонас Гутиерез се врати на фудбалските терени по пауза од 17 месеци, откако успеа да го победи канцерот на тестисите.

Тој влезе во игра во 65-та минута од натпреварот, откако влезе на местото на Стивен Тејлор. Аргентинецот беше пречекан со овации, а кога Фабрицио Колочини ја напушти играта, Гутиерез ја доби капитенската лента.

Инаку Њукасл го загуби натпреварот откако по грешката на голманот Тим Крул, Ешли Јанг погоди за конечни 0:1.