Спорт

Гутиерез заминува на хемотерапија

Гутиерез заминува на хемотерапија

Аргентинскиот фудбалер и член на Њукасл Јонас Гутиерез откри дека му е дијагностициран канцер на тестисите и дека заминува на хемотерапија во Аргентина.

Болеста кај Гутиерез била дијагностицирана по прегледите извршени кон крајот на минатата година, а врз фудбалерот веќе беше извршена и операција, па сега останува да замине на хемотерапија, со надеж дека ќе закрепне од болеста.

-Кога ми беше соопштено дека имам рак, заминав дома во солзи. Во мај 2013-та година почувствував силни болки во тестисите. По погрешните дијагнози, на еден преглед со ултразвук беше откриен тумор. Дојдов тука и ги превземав сите трошоци, иако имам важечки договор со Њукасл. Парите не се важни, најважно е моето здравје, едноставно морам да почнам со хемотерапија, вели Гутиерез.

Гутиерез, кој одигра 22 натпревари во дресот на репрезентацијата на Аргентина, призна дека неговите соиграчи од националниот тим му даваат голема поддршка.