Гувернерот на Калифорнија побара од Трамп да прогласи вонредна состојба во државата

калифорнија

Останува во сила наредбата за евакуација на 188.000 лица, додека се прави проценка на ризикот за луѓето кои живеат во долината на реката Федер, соопштија локалните власти.

Се прави се што е во наша моќ да ја обезбедиме браната и луѓето да се вратат во своите домови и без страв и во безбедни услови да живеат во нив. Многу е тешко, изјави синоќа на прес-конференција  гувернерот на Калифорнија, Џери Браун.

Браун од претседателот Доналд Трамп побара во Калифорнија да се прогласи вонредна состојба за да може на државата да и се доделат федерални средства за санирање на зафатените реони.

Вчера попладне беа спуштени големи корпи со камења со кои се наполнија пукнатинате во оштетениот преливник, посочуваат британските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.