Свет

Гувернерот на Токио поднесе оставка поради корупциски скандал

Гувернерот на Токио поднесе оставка поради корупциски скандал

Гувернерот на Токио, Наоки Иносе на вонредна прес-конференција ја објави својата намера да поднесе оставка поради корупциски скандал, пренесе „РИА Новости“.

„Донесов решение да поднесам оставка и веќе ја предадов соодветната молба во Парламентот на Токио“, истакнал Иносе.

Тој беше избран на својата функција точно пред една година. Скандалот околу гувернерот започна откако стана јасно дека пред изборите тој земал заем од една јапонска компанија во износ од 50 милиони јени, околу 500 илјади долари. Гувернерот ги вратил овие пари, но не успеа да даде сеопфатни појаснување за тоа, за какви потреби тој ги има земено парите и зошто ги вратил дури откако обвинителството започна да го испитува случајот против раководството на „Токусјокаиј“ за спроведување на предизборната компанија во јапонскиот Парламент.