понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 5

Гужва на патиштата – На граничните премини се чека до 20 минути

На граничните премини можни се задржувања од 20- тина минути за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

pat

Поврзани вести

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини можни се задржувања од 20- тина минути за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили. ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Нивните екипи продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Најчитани вести