Македонија

Гужва во сообраќајот во Скопје: Затворени улици и пренасочување

Гужва во сообраќајот во Скопје: Затворени улици и пренасочување
Овие улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени од вечерва...

Ако утрово се прашувавте зошто има толку голема гужва во сообраќајот во главниот град и зошто улиците се затворени, ова е одговорот.

telekom-muzicki-spektakal
Телеком музички спектакал

Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ од вчера во 23 часот се затворени за сообраќај на потегот од крстосницата помеѓу улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“, па се до крстосницата меѓу улиците. „Димитрија Чупоски“ и  „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија.

Од Град Скопје информираат дека сообраќајот на овие улици ќе биде во прекин се до недела во 12 часот.

Причина за прекинот во сообраќајот се подготвителните активности за одржувањето на културната манифестација на 19-ти и 20 септември на улица „11 Октомври“, пред Порта Македонија по повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција се преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.