Гужва за влез во Грција

На преминот Богородица на границата со Грција за излез од Македонија има задржување на возилата од 30 минути, додека на премин Дојран околу 15 минути. Подолги задржувања има на грчиот дел, за влез во Грција, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.