Гвардиола ги негираше обвинувањата дека е расист

Менаџерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола ги негираше обвинувањата од капитенот на Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре,кој го обвини шпанскиот стратег дека е расист, што беше молскавично пренесено од сите светски медиуми. Туре, наводно, му замерил дека има „проблеми со Африканците“.

Можеби нас Африканците сите луѓе не не третираат на ист начин, но видите и ќе забележите дека тој често имал проблеми со африкански играчи каде и да бил. Тој се прави дека нема проблеми со африканските играчи затоа што е многу умен и внимава да не го откријат, недвосмислен беше Туре во интервју за списанието „Франс Фудбал“.

Туре играше осум сезони во „Сити“, а од клубот замина во мај по истекот на договорот.Гвардиола и раководството на клубот од Манчестер првично не сакаа да коментираат за целиот случај, но тренерот искоментира откако шпанските новинари инсистираа на одговор.

Тоа е лага и тој тоа го знае. Ние работевме заедно две години и тој дури сега одлучи да излезе во јавноста со таква изјава. Никогаш тоа не ми го рече лице в лице, изјави Гвардиола.

Туре започна како стартот во тимот само еднаш во својата последна сезона во „Етихад“. Африканецот собра уште 17 настапи во текот на сезоната и таквиот третман му бил показател дека за него нема место во тимот додека Гвардиола е шеф на „Сити“.