Гвардиола го избрка Насри од теренот поради прекумерна тежина

По се изгледа Французинот Самир Насри е прва жртва на поерфекционистот Пеп Гваргиола во Манечстер Сити.

Имено 29-годишниот играч за врска е испратен на симнување тежина и нема да тренира со тимот се додека не се доведе во ред.

Насри тврди дека каталонскиот тренер „му фрлил око“ и наведува дека имал посебен разговор со новиот шеф на Сити и дека му е речено дека се додека не се доведе во ред со кондицијата нема ниту да тренира, ниту да игра за тимот.

Очигледно е дека Гвардиола се обидува да воведе некои дисциплински промени во редовите на тимот од Манчестер, а неодамна на играчите им забрани и консумирање пица и газирани пијалаци со цел да се отстрани лошиот режим на исхрана на тим от, што секако може да има големо влијание на резултатите во врвниот фудбал.