Гвардиола ја губи поддршката во Баерн, но нема намера да си оди

Пеп Гвардиола дефинитивно ја губи поддршката на челниците на Баерн Минхен, откако Франц Бекенбауер се надоврза на низата критики на германската јавност околу начинот на кој го води шампионот.

“Иако има бројни повреди, Гвардиола немаше потреба да се ослободи од двајца фудбалери во текот на зимскиот преоден рок. Тоа не беше одлука на управата, туку на самиот тренер, да го испрати Шакири во Интер и Хојбјерг во Аугсбург. Сега останавме тенки на тие позиции во тимот, а згора на тоа ме зачуди и тактиката на “Камп ноу”. Кога видов дека мечот го почнуваме со тројца во линија во одбраната знаев дека ќе биде многу, многу опасно”
– изјави Бекенбауер за германските медиуми.

Шпекулациите велат дека Гвардиола веќе се има договорено за преселба во Манчестер сити, а за неговите услуги интерес искажува и новиот акционер во Милан.

Сепак се огласи и Шпанецот, кој нагласи дека нема намера да си оди од Баерн.

“Веќе кажав многу пати досега, и следната сезона ќе бидам во Баерн. Имам уште една година од договорот. Следната сезона ќе бидам тука. Немам што повеќе да кажам”, јасен беше Гвардиола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.