Спорт

Гвардиола ја откри најслабата точка на Баерн (М)

Гвардиола ја откри најслабата точка на Баерн (М)

Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола откри се што треба да направи лондонскиот премиерлигаш Арсеанл, за да забележи позитивен резултат на реванш 1/8 финалниот дуел од најпрестижното клупско натпреварување Лигата на шампиони.

Само за потцетување, реванш дуелот ќе се одигра на “Алианс Арена” во Минхен, а Баерн (М) натпреварот ќе го започне со позитива од два гола.

„Ако му дозволиме на Арсенал да има контрола врз топката, тогаш ќе имаме голем проблем од првиот до последниот судиски свиреж. Арсенал е доволно квалитетен, тим со одлични индивидуалци. Не смееме да заборавиме дека дресот на Арсенал го носат Казорла, Озил, Росицки и Артета. Тие фудбалери можат да држат топката колку што сакаат. Баерн (М) мора да биде агресивен, мора да го наметнеме нашиот стил на игра, ние да имаме контрола врз топката. Ако се опуштиме, тогаш Арсенал има реални шанси за победа во Минхен и за пласман во 1/4 финалната рунда од ЛШ. Одлично го познавам Арсенал, играв против нив додека бев тренер на Барселона, го познавам нивниот менаџер. Ако имаме контрола врз топката тогаш ќе обезбедиме пласман во следната рунда, во спротивно ќе бидеме елиминирани од Арсенал”, изјави трофејниот шпански стручњак.