Спорт

Гвардиола ќе гостува “дома”, Реал преку Јувентус ќе “брка” ново финале

Гвардиола ќе гостува “дома”, Реал преку Јувентус ќе “брка” ново финале

Претпладнево беа извлечени полуфиналните двојки од фудбалската Лига на шампиони, а во фокусот на вниманието е двобојот помеѓу Баерн Минхен и Барселона. Во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус.

Пеп Гвардиола ќе има исклучителна тешка задача, не само поради фактот што за противник го доби можеби главниот фаворит за титулата во ЛШ, туку и поради тоа што ќе се врати на “Ноу Камп” и ќе се обиде да го елиминира тимот кој според многумина беше создаден токму од него, што ќе преставува дополнителен психолошки притисок за Шпанецот.

“Кралскиот клуб” ќе атакува на 11-тиот трофеј во ова натпреварување и има можност да биде првиот клуб што би успеал да ја одбрани титулата во ЛШ.

Првите полуфинални мечеви се играат на 5/6 мај, додека реваншите се на 12/13 мај.

Со ова се отвора можност за евентуално шпанско “Ел Класико” во финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Берлин, на 6 јуни.

Полуфинални двојки во ЛШ:

Јувентус – Реал Мадрид
Барселона – Баерн Минхен