Гвардиола: Мартинез нема да заврши на Ноу Камп

Предводникот на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Пеп Гвардиола експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека одличниот играч за врска, Хави Мартинез за време на летниот преоден рок ќе биде продаден на каталонскиот гигант Барселона.

“Мартинез ќе остане на “Алианс Арена”. Хави е од голема важност за Баерн Минхен, а во новата клупска сезона ќе има далеку поголема минутажа. Не знам од каде таа информација дека ќе биде продаден и тоа на Барселона. Мартинез сигурно ќе остане во Минхен, гарантирам 100%. Баерн Минхен има потреба од неговите услуги, ќе ни биде потребен во обидот да ја одбраниме шампионската титула и да го освоиме победничкиот пехар во Лигата на шампиони”, изјави трофејниот шпански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.