четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Гвардиола со понуда за фудбалер на Реал Мадрид

Репрезентативецот на Германија во Реал Мадрид е од 2014-та година, кога дојде од Баерн Минхен за 30 милиони евра, додека „Граѓаните“ се подготвени да понудат 45 милиони.

Гвардиола со понуда за фудбалер на Реал Мадрид

Гвардиола со понуда за фудбалер на Реал Мадрид

Последни вести

Предводникот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола е заинтересиран околу фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид Тони Крос.

Репрезентативецот на Германија во Реал Мадрид е од 2014-та година, кога дојде од Баерн Минхен за 30 милиони евра, додека „Граѓаните“ се подготвени да понудат 45 милиони.

Искусниот фудбалер на светскиот шампион е меѓу надобрите во редовите на Реал Мадрид, претходната сезона на 44 натпревари постигна еден погодок.

Крос е меѓу најзначајните фудбалери во репрезентацијата на Германија, со која што во 2014-та година го освои насловот од Мундијалот во Бразил.

Гвардиола веќе и доведе фудбалер од средниот ред од Бундеслигата, Илкај Гиндоан од Борусија Дортмунд.

Најчитани вести