Гвардиола: Со ваква игра немаме никави шанси против Реал (М)

Предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола, јавно ги предупреди своите фудбалери дека ако продолжат со ваквиот стил на игра, тогаш сигурно ќе бидат поразени од шпанскиот гигант Реал (М) во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони.

„Ако играме како што играме во изминатите неколку недели, тогаш немаме ама баш никакви шанси за да славиме во полуфиналната пресметка од Лигата на шампиони против Реал (М). Со ваква игра, финалето ќе остане само сон. Не смееме да играме како што игравме во последните три првенствени натпревари, таквата игра е гаранција за неуспех. Ова е многу опасна ситуација, не сме доволно фокусирани, премногу сме бавни, не размислуваме како што треба, не носиме вистинска одлука”, изјави шпанскиот стручњак.