Гвинеја: Во стампедо на концерт загинале 24 луѓе

Најмалку 24 лица загинале во стампедо на концерт кој се одржал на плажа во Конкари, главен град на Гвинеја. Претседателот на државата  прогласи седум дневна жалост поради трагедијата.

Инциденот се случил на плажата во округот Ратома и во стампедото имало мртви и повредени. Лекарските екипи пронашле најмалку 24 тела, меѓу нив загинале и 13 девојки.

Полицијата покренала истрага за причините за несреќата. Официјалното лице од организацијата на концертот е суспендирано.