Гвинет Палтроу официјално објави веридба со Бред Фалчак

Американската актерка, 45-годишната Гвинет Палтроу ја потврди во понеделникот веста за веридбата со една година повозрасниот телевизиски продуцент Бред Фалчак со кој се запознаа на снимањето на серијата „Glee“, додавајќи дека се решила по вторпат да влезе во брак.

Оскаровката на Twitter објави емотикон во форма на прстен и насловната страница на последниот број на нејзиното списание Goop кој ја прикажува среќната двојка во прегратка.

„Се решив на брак вторпат. Не само затоа што верувам дека го најдов мажот кој ми е суден, туку и затоа што поширокоградо одлучив да прифатам некои шанси коишто ги дава интимната врска на двајца луѓе“, изјавила Палтроу.

Датумот на венчавката уште не е одреден. Актерката и коавторот на серијата „Glee“ се во врска последните три години. Серијата за нив беше судбоносна. Палтроу во неа имаше епизодна улога, а Фалчак беше нејзин коавтор и извршен продуент.

Со поранешниот сопруг, фронтменот на групата Coldplay, Крис Мартин, Палтроу има две деца, а се разведоа во 2014 година, И Фалчак од претходниот рбак има две деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.