Х-Фактор: Познати имињата на судиите

По големата мистерија кој се ќе се најде во улога на судија во познатото шоу „X Фактор“, конечно имињата се откриени.

Така во наредните неколку месеци како членови на жирито ќе ги гледаме Емина Јаховиќ, Јелена Розга, Владо Георгиев и Златан Стипишиќ – Џибони.

Тие во наредниот период ќе оценуваат, но и ќе ги менторираат младите музички надежи од пет земји на поранешна Југославија.

Музичкото шоу ќе започне да се емитува 22 март, а во тек се аудициите. Првите две аудиции, во Скопје и Белград, веќе завршија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.