Дачиќ: На Вучиќ му е испратена порака дека животот му е во опасност

Србија ќе упати демарш до БиХ

Оружјето кое е пронајдено во Јајнице заслужува посебно внимание, а на премиерот Александар Вучиќ му е испратена порака дека животот му е во опасност, вели српскиот министерот за надворшени работи, Ивица Дачиќ, кој претходно беше и министер за внатрешни работи.

„На Вучиќ му е испратена порака дека животот му е во опасност. Фактот дека е пронајдено оружје заслужува посебно внимание. Всушност,  поради пропустите на службите и обезбедувањето е убиен Зоран Ѓинѓиќ. Работата е многу сериозна и тешка, треба да се утврди одговорност“, вели Дачиќ.

На прашање дали додека претходно беше министер за внатрешни знаел дека Управата на криминалистичката полиција има шпиони, Дачиќ одговори не.

„Не. Немав добри односи со дирекцијата на полицијата и не ме известуваа за тоа. Работеа против мене. Мојата добрина ја толкуваа како моја слабост. Подобро да бев помалку омилен, а повеќе почитуван“, вели Дачиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.