недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

„Хабертурк“: ИД планирала напади во 18 окрузи во Турција

По крвавиот напад во Анкара на 10 октомври, кога двајца самоубици на ИД убија 102 луѓе, турската полиција и турските специјални служби презедоаа акции против џихадистичката група.

„Хабертурк“: ИД планирала напади во 18 окрузи во Турција

„Хабертурк“: ИД планирала напади во 18 окрузи во Турција

Поврзани вести

Борци на терористичката група Исламска држава (ИД) планирале да извршат напади во 18 окрузи во Турција и да предизвикаат хаос и граѓанска војна во земјата, објави  „Хабертурк“, пишува МИА.

По крвавиот напад во Анкара на 10 октомври, кога двајца самоубици на ИД убија 102 луѓе, турската полиција и турските специјални служби презедоаа акции против џихадистичката група.

Откриена е ќелија на ИД во градот Газиантеп, југоисточна Турција, раководена од т.н. емир на Газиантеп Јунус Дурмаз. Тој успеал да им побегне на властите и сега се наоѓа во Сирија. Но, според полициски информации Дурмаз издал наредба за извршување на терористичкиот напад во Анкара.

Безбедносните сили го конфискувале компјутерот на Дурмаз, во кој имало кодирани планови за серија напади во Турција, меѓу кои и напади за време на самитот на Г-20 во Анталија, што се одржа во ноември 2015 година, како и напади на 25 места во 18 турски окрузи, како и диверзии на хидроцентрали.

Најчитани вести