Хаџи Јанев: Грција како инструмент на моќ ги користи тајните служби

Грција e земја којашто сериозно сака да се занимава со дипломатија и која покрај останатите како инструмент на моќ ги користи и вооружените сили и тајните служби, смета професорот Методи Хаџи Јанев.

– Факт е дека сите држави денеска коишто сериозно сакаат да се занимаваат, како што пример Грција, сака да се занимава со дипломатија, но, како инструмент на моќ ги користат и вооружените снасловнаили и тајните служби, бидејќи преку тоа тие успеваат индиректно да подготват терен, да подготват одредени информации, но и да влијаат на создавање на клима којашто ќе им донесе подобра позиција во однос на преговорите и во однос на ултимативните стратешки цели коишто ги сакаат. Аферите се една од работите на коишто се базираат, истакна Хаџи Јанев во изјава за Алфа телевизија.