Хаџи-Јанев: Очигледен е стравот на граѓаните, по најавата за метријалите за „бомбата“

По најавите за бомби и материјали добиени од странските служби, кај граѓаните е очигледен стравот од исчекување на нешто, но и една состојба на „стенд бај“ кај бизнисмените.

Курир побара одговор од универзитетскиот професор на Воена академија, Методи Хаџи-Јанев, „на што се должи оваа несигурност и како би требало јавноста да реагира во ваква состојба“.

-Секогаш кога ќе се случат чувствителни настани поврзани со безбедноста на државата несигурноста е неизбежен фактор. Состојбата на воздржаност во бизнис секторот е исто така разбирлива бидејќи динамиките и протокот на капиталот е поврзан со ризикот, но и со стабилноста и безбедноста. Ако немате доверливост или ако истата може да биде загрозена бизнисот значително е предизвикан. Тоа може да отвори дилеми околу конкурентноста, заштита на интелектуалната сопственост, како и заштита на деловни информации. Овие информации секогаш браат ексклузивитет и тајност. Најповеќе бидејќи иновативноста и ексклузивноста, покрај останатото, се предуслови за успех во бизнисот. Сепак, оваа не сигурност не е специфична само за нас. Многу посилни држави од нас се на истиот предизвик. Технологијата покрај бенефит нуди и ранливост. Неа можат да ја искористат поединци, групи (корпорации или организации) па и држави за постигање на малициосни цели. Преку неа тие имаат можност ада ги мутлиплицираат ефектите како на пример сега чувство на загриженост и страв. Јавноста генерално би требало да остане воздржана но и да ја зголеми будноста за опасностите кои демнеат од современата технологија. Тоа никако не смее да се сфати дека треба да ја исфрлиме современата технологија. Тоа значи дека треба да станеме сериозно свесни за капацитетите и импликациите кои злоупотребата на овие технологии може да ги предизвика, истакна за Курир Методи Хаџи-Јанев, професор на Воена академија.

Професорот и аналитичар за безбедносни прашања вели дека она за што сега во овој момент може да зборуваме е лимитирано бидејќи имаме огранични информации за што всушност станува збор.

-Тоа е разбирливо бидејќи тоа го налагаат и принципите како безбедносни така и казнено-правните (мислам на постапката која треба да се презме по по однос на овие настанаи). Сепак, она што не треба да не изненади е фактот дека можни се неколку сценарија. Можно е да станува збор за ефект на т.н.„whistle blower“ ефект зад кој може да стои различен мотив, освета, бизнис интерес или пак дури и странска служба. Можеби информациите се дадени од компанија која сака да има доминација или монопол во даден сектор. Или пак, може да стане збор и за комбинација во која повеќе актери имаат заеднички интерес да споделат одредени информации. Фактот дека денес современи технологии за следење на комуникациите преку мобилните телефони од типот на пример на Sting Ray (мобилен уред за следење на мобилните телфони) чини од 60-120000 долари укажува дека до нив може да дојдат не само држави туку и компании. Дополнително е што ефектот кој ваквите информации ќе го предизвикаат засега се уште не ни е познат. Тој може да е само испумпан, без некои последици, може да е каскаден да предизвика низа дестабилизации во економскиот, но и во политичкиот сектор (како на домашен така и на меѓународен план). Овој тренд им се случи на САД, ВБ на Германија и на некои други држави. Во речиси сите случаи балансот помеѓу заштита на човеиковите права и јавната безбедност е ставен на заштита на јавната безбедност-одбрана на суверенитетот и уставноста – јавното добро, не индивидуалното. Така е со Асанж, со Сноуден и сл. Сноуден за некои е херој, но за САД е домашен предавник на пример, заклучува тој.