Хаџи Николов, Бојку и Костадиновски се добитици на наградата „23 Октомври”

Хаџи Николов, Бојку и Костадиновски се добитици на наградата „23 Октомври”
Хаџи Николов, Бојку и Костадиновски се добитици на наградата „23 Октомври”

Добитници на Државната награда „23 Октомври” во 2015 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското  наследство на Македонија се:

– Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник

– Фејзи Бојку, писател

– Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар.       

Стефан Хаџи-Николов им припаѓа на малкутемина македонски умет­ници коишто мајсторски владеат со сликарскиот занает. Неговиот принцип на компонирање  реферира не само на по­тра­­гата по суптилниот ерот­ски мајчински принцип туку, пред сè, на по­трагата по иденти­те­тот на македонското битие.

 

Фејзи Бојку е автор на 14 оригинални дела – збирки поезија и раскази за деца и за млади.  Неговите дела се издадени неколку пати како школска и домашна лектира. Од нив, 3 книги се преведени на македонски и 2 книги на српски и хрватски јазик. Освен како автор на книжевните дела, Бојку се истакнува и како автор на 8 научни теоретски трудови, прикази и прегледи.

Костадин Костадиновски е познат музиколог, публицист, новинар, композитор, музички критичар, автор на естрадни песни и организатор на музичките фестивали во Република Македонија. Тој е доаjен на македонската музиколошка наука во Република Македонија со најбогата продукција.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015  година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.