Хендбол-планет: Кире Лазаров е најдобар десен бек на светот за 2014!

117

Македонскиот ракометар Кире Лазаров е најдобар десен бек на светот во изминатава година, објави ракометниот портал „Хендболпланет“, според резултатите од гласањето за најдобрите во светот на ракометот за 2014 година, пренесува Нетпрес.

Признанието МВП-за 2014 година го добива Никола Карабатиќ, исто така од Барселона, но огромен удел во одлуката има златото со Франција на ЕП во јануари. Интересно е тоа што европскиот првак Фленсбург нема ниту еден претставник во идеалниот тим, а некаква утеха е тоа што Тобијас Карлсон е избран за најдобар дефанзивец.

Уште еден претставник на Барселона, иако со заслуги од настапите во Кил, е Гудјон Валур Сигурдсон на левата крилна позиција. Две имиња од ПСЖ се Микел Хансен и Лук Абало, како леб бек и десно крило, најдобар пивот е Хулен Агинагалде од Кјелце, а најдобар голман Никлас Ландин од Рајн-Некар.

Изборот го правеше жири од 23 ракометни експерти од Европа, Азија и од Јужна Америка, комбинирани со гласовите од читателите на „Хендболпланет“. Малку недостигаше признанија да добијат и „вардарците“ Тимур Дибиров и Арпад Штербик, затоа што беа убедливо први според гласовите на публиката. Во изборот за најдобар десен бек конкурираше и Ренато Вугриенц, но Кире Лазаров ги доби симпатиите, пишува „Спортмедиа“.

najdobri-7-handball-planet

НАЈДОБАР ТИМ ЗА 2014

лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)

лев бек – Микел Хансен (ПСЖ)

среден бек – Никола Карабатиќ (Барселона)

десен бек – Кире Лазаров (Барселона)

десно крило – Лук Абало (ПСЖ)

пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)

голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)

Дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург)

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.