„Хафингтон пост“ брише текстови за да ја заштити Kлинтон

„Хафингтон пост“ брише текстови за да ја заштити Kлинтон
„Хафингтон пост“ брише текстови за да ја заштити Kлинтон

„Хафингтон пост“, еден од највлијателните медиуми во САД со либерални погледи и отворена поддршка за Хилари Kлинтон во претседателската трка во неделата попладне избриша текст, кој повикувајќи се на извори од ФБИ, тврди дека Kлинтон ќе се соочи со сериозни обвиненија за корупција, т.е. изнуда, пишува Дневник.

Скандалозното однесување на овој медиум отишло до таму што, освен што ја избришале сторијата, која според проценките на тимот на Хилари, можела да му наштети на нејзиниот имиџ, не одговараат на прашањата на други медиуми за ваквото непрофсионално однесување. Текстот е избришан многу кратко време откако бил првично објавен и најавен како „брејкинг њуз“ на социјалните мрежи. Но наместо поставениот линк да води до текстот, на екранот се појавува „грешка 404“, што укажува на тоа дека текстот бил отстранет. Од вчера, привремено е блокирана и корисничката сметка на Френк Хугвенард на „Хафинтон пост“, автор на текстот, кој сакал да го постави вториот дел, односно продолжението на приказната. Хугвенард не добил објаснување од уредниците на медиумите за ваквата цензура.

Бришењето текстови и цензура на автори во „Хафингтон пост“ во корист на Kлинтон е во исто време кога американската администрација троши милионски суми во Македонија преку разни агенции во името на „медиумски слободи“, „избалансирано новинарство“, „професионализам во медиуми“ и слично.

– Сe` уште чекам „Хафингтон пост“ да ми даде објаснување – напишал авторот на текстот на својот твитер-профил откако забележил дека текстот му е избришан.

Тој вчера за повеќе медиуми објаснил дека има и втор дел од приказната, но дека не може да го постави и овој текст, бидејќи и неговата корисничка сметка на „Хафингтон пост“ времено е исклучена и оти не знае зошто е тоа така. Политичкиот уредник на „Хафингтон пост“ Сем Штејн првично изјавил дека и тој не знае зошто текстот е повлечен и сите прашања од медиумите за овој случај препорачал да се насочат кон ресорниот уредник. Но иако прашања биле испратени и до тој уредник, одговори нема. Дополнително, како што пишуваат американски портали, на повиците повеќе не одговарал ни Штејн.

Хугвенард, кој според текстовите и објавите на „Твитер“ е поддржувач на Берни Сандерс, главниот партиски ривал на Kлинтон кај демократите за претседателската кандидатура, напишал дека ФБИ ќе предложи обвиненија за Kлинтон во врска со обвинувањата за рекет.

„Законот за изнудување и корупција (РИKО) е федерален закон на САД донесен во 1970 г. како алатка во борбата против организираниот криминал. РИKО овозможува да се гонат и казнуваат лица за кои постојат наводи дека се занимаваат со рекетерски изнуди, кои се дел од злосторнички потези. Kако рекет може да се смета и поткуп, фалсификување, перење пари, проневера, илегално коцкање, киднапирање, убиства, трговија со дрога, ропство и многу други криминални активности во корист на некој бизнис. Џејмс Kомеи и ФБИ ќе излезат со препорака до Лорета Линч, јавниот обвинител на министерството за правда, во која ќе има убедливи аргументи за кривично гонење на Фондацијата „Kлинтон“, како правно лице вмешано во перење пари и мито во замена за политички и законодавни услуги на поединци, корпорации и институции, и домашни и странски“, напишал Хугвенард во текстот.