„Хафингтон пост“: Македонија има потенцијал за успешни глобални брендови

„Хафингтон пост“: Македонија има потенцијал за успешни глобални брендови
„Хафингтон пост“: Македонија има потенцијал за успешни глобални брендови

„Хафингтон пост“ посвети статија за брендовите во земјава кои го менуваат лицето на Република Македонија и неуморно работат за да му покажат на светот дека иако мала, Македонија има потенцијал да создаде успешни глобални брендови.

Малата балканска земја Македонија не е Силициумската долина. Годините минати во политички скандали, конфликти и две децении долгиот спор за името со Грција фрлија темна сенка врз дел од позитивниот бизнис развој во оваа поранешна југословенска република.

Но, група претприемачи и компании се на пат да го променат тоа.

Во денешната колумна гордо ви ги претставуваме десетте брендови што го менуваат лицето на економијата на оваа мала земја. Тие сите неуморно работат за да му покажат на светот дека иако мала, Македонија има потенцијал да создаде успешни глобални брендови.

10. Сињори

Извини Том Форд, но за неколку години Џејмс Бонд може да ги носи костумите по мерка на Сињори. Оваа неодамна отворена компанија за висока мода многу брзо го опфати регионалниот свет на модата. Сињори создава уникатни костуми по мерка, користејќи ги најдобрите ткаенини на светот. Со големиот успех што брендот неодамна го постигна во Дубаи, Сињори може да биде уште поблиску до тоа да биде омилениот кројач на костуми. Проверете ја нивната страна на Фејсбук за да видите за што зборуваме.

9. Кокев

Вера Ванг направи малку место за Кокев.

Основан од Тања Кокев, со уникатни венчаници, парфем од светска класа и нова колекција што треба да биде промовирана кон крајот на месецов, глобалното ширење на Кокев е само прашање на време. Којзнае, можеби следниот месец некоја од номинираните актерки за Оскар на црвениот килим ќе носи фустан дизајниран од Кокев.

8. Тиквеш

Кога станува збор за вино, никој не го знае македонското вино подобро од винаријата Тиквеш. Уште во римско време, во Македонија цутела традицијата за создавање можни вина кои во себе го содржат вкусот на југот што има симфоничен вкус и ја олицетворува радоста на Македонија. Винаријата Тиквеш е еден од најважните креатори на оваа традиција. Повеќе од 125 години, небото, земјата, сонцето и виноградите на југот на Европа, секој со свој удел, се дел од приказната за вината на Тиквеш. Компанијата има освоено бројни награди низ годините. Во овогодинешните изданија на Decanter Special series и International Wine Challenge одржав во Лондон, Тиквеш доби неколку награди за серијата Special Selection, Александрија куве, Барово и Бела вода.

Со малку маркетинг и подобро стратегиско позиционирање, Тиквеш доби голема шанса да стане биде избран како омилен производител на вино.

7. Хаселт

Основан од македонскиот претприемач Хајан Селмани, ХАСЕЛТ (акроним за Hyper Advanced Solutions Engineering with Leading Technologies) е компанија за развој на софтвер, инженеринг, аутсорсинг и ИТ консултации. Главниот фокус на компанијата е да обезбеди најдобри услуги за развој на софтвер и испорака на производи што ги надминуваат очекувањата на потрошувачите.

Со свои канцеларии во Њујорк и Скопје и во неколку европски држави, ХАСЕЛТ може да стане една од светски најиновативните ИТ компании. Уште поважно, Хајан Селмани, харизматичниот основач на компанијата, е инспиративна сила во старт ап заедницата во Македонија кој охрабрува стотици млади луѓе да ја претворат својата визија во реалност.

6. Златен даб

Благодарејќи на нивниот уникатен вкус и иновативен маркетинг пристап, за многу кусо време Златен даб стана омиленото македонско пиво. Произведувано од Прилепска пиварница, Златен даб во споредба со другите пивски брендови во земјата, има најголема шанса да се пробие на глобалниот пазар за пиво. Ајде да видиме. Можеби Затен Даб ќе биде светскиот омилен бренд за пиво за Светското првенство во фудбал 2018.

7. Мамас

Кавијарот веќе не е интересен.

Ајварот е следната голема работа, а во Македонија никој не прави ајвар како Мамас. Произведен од печени пиперки од Струмица, печен модар патлиџан од Валандово, сончогледово масло и морска сол, со своето креативно пакување и неверојатната приказна за брендот, Мамас ајвар има потенцијал да стане најголемиот извозен производ на земјата.

4. Витаминка

Омилената национална компанија за производи од широката потрошувачка се шири веќе со години. Нејзиниот најпознат производ, Стоби флипс, сега може да се купи насекаде низ светот, вклучувајќи ја Кина, Блискиот Исток и САД. Како вистинска инспирација за претприемачите во земјата, Витаминка без сомнеж е врвната приказна за успех во Македонија.

3. ЏиоЏио Џелато

Ако мислите дека Италијанците го прават најдобриот сладолед, тогаш вие не сте го пробале ЏиоЏио Џелато. Совршено пакување, со седум различни вкусови, овој сладолед ќе ги задоволи и најсофистицираните непца. Пробајте го „италијанскиот лешник“. Божествен е.

2. Веником

Водечката компанија во земјата за развој на апликации за мобилни телефони создаде неверојатни апликации за Vogue Paris, Nike, Glamour, Vanity Fair и Heineken. Веником во моментов создава додаток за WordPres – Lunx.press што ќе овозможи да се создаде апликација што ќе биде полесна и побрза за употреба.

1.FX3X

Основана од Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, FX3X е компанија за визуелни ефекти и CG анимација што учествуваше во создавањето на визуелни ефекти за некои од најголемите блокбастер филмови, вклучувајќи ги тука Трансформери, Одмаздници (Avengers), Брзи и бесни, Невозможна мисија и Игри на гладот.

FX3X беше номинирана и ја доби наградата Европски шампион за претприемаштво од Меѓународниот академски совет при EFER во Варшава 2011, во конкуренција со 24 други компании од Централна и Источна Европа. Како шампиони тие беа избрани да бидат вклучени во Меѓународната книга на случаи „Entrepreneurial Icebreakers: Insights and case studies from International Successful Central and Eastern European Entrepreneurs“ во која тие се првата македонска компанија што е објавена како студија на случај во академска публикација на Palgrave Macmillan.

Внимавајте на оваа компанија! FX3X може да бие компанијата што на Македонија ќе ѝ го донесе првиот Оскар.