Хафингтон Пост пишува за случајот ебола во Македонија

Угледниот весник „Хафингтон пост“ односно неговото англиско издание пишува за случајот ебола во Македонија, пренесува Република.

Според весникот, официјални лица на Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги истражуваат информациите за смртта на еден британски државјанин починат во Македонија, а за кој има сомнежи дека бил заболен од ебола. Ако се потврди, тоа ќе биде прв смртен случај на британски од ебола.

Весникот го соопштува и името на починатиот. Станува збор за медицинското лице Вил Пули, кој, според весникот, оздравел од смртоносниот вирус минатиот месец.

Пули, според „Хафингтон Пост“ работел како волонтер во областите погодени од смртоносниот вирус.