Хаг му наложи на Младиќ да сведочи против Радован Караџиќ

Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, му наложи на поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, да сведочи против политичкиот лидер на Србите за време на војната, Радован Караџиќ, пренесуваат локалните медиуми.

Трибуналот го прифатил барањето на Караџиќ да му се нареди на Младиќ да биде сведок во процесот.

Во април Младиќ одби да сведочи во случајот против Караџиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.