Хаг од Вучиќ бара да го уапси Шешељ

Тужителот на Хашкиот трибунал, Серџ Брамерц, побара од судскиот совет да ја отповика одлуката за привремено пуштање на слобода на лидерот на српските радикали, Војислав Шешељ.

Во оваа прилика, оценката на соговорникот на српски Курир е дека барањето на Трибуналот е обид на српската страна, односно администрацијата на премиерот Александар Вучиќ да им подари „жежок компир“ и таа топка да се префрли на српски терен.

И самиот лидер на радикалите по враќањето од Холандија изјави дека би било историски парадокс ако Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ го испрачаат на Хаг, како и дека таа прилика тие нема да ја пропуштат.

„Нема доброволно да се вратам во Хаг. Кога властите во Србија ќе издадат налог во кој ќе одлучат што да прават јас нема да бегам“, изјави Шешељ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.