Хаг пресуди: Шешељ не е виновен

Хашкиот трибунал ја изрече пресудата за поранешниот српски заменик премиер и лидер на српските радикали Војислав Шешељ за злосторства против човештвото во Хрватска и Босна во периодот од 1991-та и 1993-тата. Според хашкиот трибунал Шешељ не е виновен.

Пресудата беше изречена во отсуство на осомничениот, затоа што лидерот на српските радикали потврдил дека поради здравствени причини неможел да патува во Холандија.

Претседателот Жан Клод Антоанети изјави дека Обвинителството не изнело доволно правни аргументи за потврда за обвинението за слосторствата.

Обвинителството во својата завршна реч даде предлог судот да го осуди Шешељ на затворска казна од 28 години, додека Шешељ бараше ослободителна пресуда.

Шешељ се терети врз основа на индивидуална кривична одговорност за прогони, депортација, убиства, измачувања, разорување, уништување или нанесување на штети на институциите посветени на религија и образоание, како и за ограбување на јавни и привотни имоти.

Според наводите на обвинението тој планирал, наредил, поттикнал, сторил и на друг начин помагал и поддржувал планирање, подготовка или извршување на тие злосторства. Се наведува дека Шешељ заговарал политика за обединување на „сите српски земји“ во хомогена српска држава, за која говореше како за „Голема Србија“.

Инаку Шешељ помина речиси 12 години во притвор пред да биде ослободен поради здравствени причини во ноември 2014-тата.