Хајди Клум е премногу секси за Лас Вегас

Лас Вегас е познат како град на гревот, но и тамошните градски власти понекогаш знаат да се повикаат на моралот. Овој пат проблемот настана околу рекламата во која познатата манекенка Хајди Клум го презентира брендот „ Sharper Image“.

Празничната кампања на компанијата „Sharper Image“ е прогласена за провокативна и „премногу секси“, а на спорните фотографии убавата Германка позира како од мајка родена, иако голите гради ги прекрива со колената. Фотографиите во кампањата се проследени со провокативни прашања од типот:„Што ја  забавува Хајди Клум под туш?“ или „Што ја пали хајди Клим?“.

Оваа реклама е премногу жешка за Лас Вегас, според тамошните градски власти, но истата таа реклама е одобрена во Њујорк и во Лос Анџелес.

Извршниот директор на „Sharper Image“, Дари Мардер признава дека е изненаден од тоа што рекламата со Хајди од сите места на светот е забранета токму во Лас Вегас.