Хајкенс: Крос мора да ја одбие понудата на Јунајтед

Поранешниот предводник на Баерн (М) и најголем виновник за историскиот успех, освоените три титули во изминатата сезона, Јуп Хајкенс, откри дека пред неколку дена разговарал со одличниот играч за врска, Тони Крос и дека го посоветувал да не ја прифака понудата на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Разговарав со Тони Крос и ако ме послуша и ја прифати мојата сугестија, тогаш сигурно ќе остане на „Алианс Арена”. Тоа што е Баерн (М), такво нешто не постои на некое друго место, не постои во Европа, Баерн (М) е нешто уникатно. Јас го посоветував, а знам дека веќе му е кажано дека најдобра опција е продолжување на соработката со Баерн (М). Има одлична понуда и треба да ја прифати”, изјави Хајкенс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.