Хајкенс: Меси на исто ниво со Марадона и Пеле

Пензионираниот германски стручњак и најзаслужен за историскиот успех на Баерн (М) во изминатата сезона, Јуп Хајкенс, е убеден дека најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси е на исто играчко ниво со најголемите легенди во фудбалскиот свет, Пеле и Марадона.

“Меси беше без конкуренција во изминатите неколку години кога е во прашање престижната награда на ФИФА и Франс Фудбал “Златната топка”. Меси е вистински гение и убеден сум дека е на исто играчко ниво со Марадона и Пеле. Исто така, јас сум фасциниран од играта на Кристијано Роналдо. Многу е силен и психички и физички, вистинска напаст пред противничкиот гол. Уникатен фудбалер. Во изминатите две сезони, Франк Рибери израсна во тимски играч. Точно дека поседува индивидуален талент, но мислам дека за малку не е на исто ниво со Меси и Роналдо. Научи како да им помогне на дефанзивците и е најзаслужен за минатогодинешниот успех. Совршено се вклопи во мојот систем на игра”, изјави Хајкенс.