Хајндл ги завршува дводневните средби во Македонија

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска, како што најави Германската амбасада, треба да ја информира јавноста за дводените средби со потписниците на Договорот од Пржино.

Хајндл вчера попладне имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а, според најавите, тој требаше да разговара и со специjалната обвинителка Катица Jанева, и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Вчера Хајндл оствари средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со претседателот на СДСМ Зоран Заев.