Хакери ги нападнаа руските банки

банки

Станува збор за т.н. ДДоС напади, кои имаат цел да го преоптоварат сајтот, кој е цел на нападот, со голем број барања во исто време и со тоа да го урнат.

Серија моќни ДДоС напади беа организирани минатиот вторник од десетина земји врз Сбербанката, а слични напади претрпеле и Алфа банката, Московската банка, Росбанка и Московската берза.

Организацијата за борба против кибер кирминал ФинЦЕРТ регистрираше напади врз одреден број големи банки, при што пристапот до банкарските услуги не беше загрозен, а таа информација е проследена до службите за спроведување на законите, соопшти пре-службата на РЦБ