Хакери го нападнале сајтот за референдумот за статусот на Крим

Хакери го нападнале сајтот на референдумот за статусот на Крим ноќта меѓу саботата и неделата, соопштила прес службата на сајтот.

„Еден часот по полноќ започна новиот бран на напади од најновата генерација“, пренесува „РИА новости“.

Во соопштението се наведува дека експертите успеале да го утврдат изворот на нападот. Според нив, скенирањето на сајтот било направено од универзитетот Урбан- Шампеј во Илиноис од САД.

Како цел на хакерите се нашле и Интернет страниците на руските државни институции, меѓу кои и сајтот на претседателот на Русија, Министерството за надворешни работи и Централната банка.

Освен тоа, хакерите нападнале и неколку сајтови на НАТО.