Магазин

„Хакери“ го објавија сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд

„Хакери“ го објавија сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд

Хакерите кои недоамна упаднаа во компјутерскиот систем на студиото „Сони Пикчрс“, го објавија сценариото за новиот филм за тајниот агент 007, Џејмс Бонд, пренесува магазинот „Ентертејмент Викли“.

Покрај сценариото за филмот, хакерите објавија и преписки од електронска пошта во кои продуцентите се жалат на „релативно разочарувачкиот крај“ на најновото филмско остварување за Џејмс Бонд.

Објавените мејлови вклучуваат преписки меѓу претставниците на МГМ, Џонатан Гилкман, на „Колумбија Пикчрс“, Хана Мингеле и на „Сони“ Елизабет Кантилон, кои се жалат дека во филмот „нема доволно пресврти“ и дека на агентотот 007 му недостига решителноста, која тој ја имаше во сите претходни продолженија.

Од преписките се дознава и дека буџетот за филмот изнесува околу 300 милиони долари, што го прави досега најскапо филмско остварување за Џејмс Бонд.