Свет

Хакери ја нападнаа поштенската служба на САД

Хакери ја нападнаа поштенската служба на САД

Поштенската служба на САД соопшти дека била жртва на хакерски напад, што може да доведе до недозволен пристап до личните информации на над 800.000 нејзини службеници, како и личните податоци на клиенти, објави МИА.

ФБИ и други федерални агенции водат истрага за нападот.

Меѓу личните податоци, до кои е можно напаѓачите да имале пристап, се имиња, датуми на раѓање, лични броеви од Социјалното осигурување, адреси, лица за врски при итни случаи и други информации. Кај клиентите, кои се поврзале со Центарот за поддршка во периодот меѓу јануари и август, можно е да бидат откриени нивните телефонски броеви, електронските пошти и други податоци.

Портпаролот на американската Пошта, Дејвид Партенхајмер изјави дека нападот бил со ограничен размер и сите дејности на службата се одвиваат нормално.