Свет

Хакери на ИД нападнаа француска телевизија

Хакери на ИД нападнаа француска телевизија

Француската телевизија „ТВ5 Монд“ соопшти дека била цел на хакерски напад на Исламска држава. Тие наведуваат дека им биле нападнати нивните ТВ-канали, интернет сајтови, Твитер и Фејсбук страната, јави МИА.

„Јас сум ИСИС“ беше пораката која ја открија следбениците  на ТВ5 најпрво на Твитер профилот, а потоа и на Фејсбук. На фотографијата маскирано лице, со црното знаме на Даеи со натписот „Кибер-Калифат“.

Речиси во исто време беше прекината и програмата на телевизијата.

Според  специјалистите, нападот започнал околу 22 часот при што на сите 11 канали на кабелската телевизија бил пуштен црн екран.

Хакерите објавиле и порака со закани за припадниците на француската армија како и лични документи на нивни блиски.

Во пораките е испратено и обвинение до францускиот претседател, Франсоа Оланд дека го направил „тоа што не може да се прости“ и водејќи „војна која не служи за ништо“.

Техничките екипи на телевизијата веќе ја преземаа контролата над социјалните мрежи и интернет страниците а нормализација на ситуацијата се очекува во наредните денови.