четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 49

Хакери објавија податоци за над 20.000 вработени во ФБИ

Податоците на над 20.000 вработени во ФБИ сега се јавно достапни. Хакери успеале да украдат податоци за вработени од базата на ФБИ. Имиња, презимиња и контакти па дури и позиција на која се вработени сега се јавно достапни.

haker_2342

Последни вести

Податоците на над 20.000 вработени во ФБИ сега се јавно достапни. Хакери успеале да украдат податоци за вработени од базата на ФБИ. Имиња, презимиња и контакти па дури и позиција на која се вработени сега се јавно достапни.

Информацијата е објавена само еден ден откако хакери објавија на Твитер дека успеале да украдат 9.355 податоци за службеници во американската Влада.

На истиот сајт објавија дека поседуваат податоци за вработени во ФБИ – имиња, презимиња, нивни функции како и е-маил адреси.

Со порака на Твитер налогот @DotGov поставен е линк кон база од околу 35.000 податоци за вработени во ФБИ.

Списокот е објавен со порака – Long Live Palestine, Long Live Gaza и хаштаг – Free Palestine. На мета на хакерите биле и специјални агенти – вкупно 1.797 од нив, па дури и заменикот директор.

Групата тврди дека успеала да преземе повеќе од 200 ГБ податоци од мрежата на американското Министерство за правда за кое тврдат дека има многу подовреливи податоци од она што е објавено.

Најчитани вести