Хакери украле лични податоци на сите федерални службеници во САД

Хакери украле лични податоци и идетификациски брови на сите федерални службеници во САД, соопшти синдикатот на државните службеници.

Според синадикатот кибер нападот е многу потежок, отколку што го претставува Владата.

На 5 јуни стана познато дека хакери упаднале во податоците за управување на персоналот на американската Влада во изминатите 30 години.

Според истрагата кибер нападот се случил во декември минатата година.

Се претпоставува дека хакерите добиле пристап до личните податоци на околу четири милиони лица. Вашингтон тврди дека хакерите се од Кина, додека Пекинг ги отфрла обвиненијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.