Хакерите ја тужат германската влада поради шпионирање кое го спроведува НСА

Група на компјутерски хакери и борци за заштита на човековите права од Германија соопштиja дека против германската Влада во Берлин поднесоа тужба поради наводно кршење на законот за помагање на на странските шпиони.

Во соопштението на „Каос компјутер клуб“ и Меѓународната организација за човекови права се наведува дека таа организација поднесе тужба во која се тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината влада го толерирале шпионирањето и и помагале на американската Национална безбедносна агенција и британската известувачка агенција, дека ги шпионираат германските граѓани.

Како доказ за тие тврдења, споменатите организации наведуваат документи кои во јавноста ги објави поранешниот американски известувач Едвард Сноуден, а кој укажува на масовно шпионирање ширум светот кое го спровела НСА.

Во соопштението се наведува дека тужбата треба да ја поттикне неопходната истрага за федералното обвинителство, во врска со наводите дека германските официјални лица и странски шпиони ги прекршиле германските закони.

Германското државно обвинителство веќе неколку месеци ја разгледува можноста на покренување истрага за активностите на американската НСА.